Дома Фудбал Англија Сити сепак има шанса следната сезона да игра во ЛШ?

Сити сепак има шанса следната сезона да игра во ЛШ?

Неодамна Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Манчестер Сити со двегодишно исфрлање од Лигата на шампионите.

Сити веќе има обезбедено пласман преку Премиер лигата, а има шанси и да ја освои. Голем број експерти потенцираат дека УЕФА би се нашла во проблем ако не дозволи актуелниот европски шампион да игра следната сезона сезона во ЛШ. Сити во осминафиналето ќе игра против Реал Мадрид.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На Островот повикувајќи се на правни експерти објавија дека Сити ќе има право преку Арбитражниот суд во Лозана да побара замрзнување на казната до донесување на конечната одлука. Сити има право на жалба и тоа може да се одолговлечи повеќе од шест месеци. Тоа би бил период отпрлика од март до август, а тогаш веќе мора да се знаат сите учесници во ЛШ (ждрепката за групната фаза е во последната недела од август).

Со правото на жалба на второстепената комисија, потоа и на Арбитражниот суд во Лозана е процедура која од поднесувањето, сослушувањето, па се до изрекувањето на конечната одлука процесот може да трае и до почетокот на следната година. Поради ова се отвара шанса за замрзунување на случајот до конечната одлука, а тоа би му овозможило на Сити да настапи во најелитното европско натпреварување следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…