Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез ја продолжи кариерата во Лестер, иако во јануари имаше голема желба да го напушти клубот.
Марез беше клучен играч на Лестер во освојувањето на титулата пред две години, но во оваа сезона амбициите на клубот се доста помали, а Марез е желен за нови предизвици.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Него упорно го посакува Манчестер Сити, кој во јануари понуди богатство на Лестер, но клубот одби да го продаде крилниот фудбалер.
Меѓутоа, на Етихад одлучиле на лето повторно да тргнат по Марез и спремни се да платат 70 милиони фунти.
Откако Лестер одби да го продаде Марез неколку натпревари не играше во знак на протест, но на крајот сфати дека од тоа нема ништо, па се врати во тимот. Се очекува Лестер лестоска да ги прифати барањата на Марез и конечно да се случи тој трансфер.