Дома Фудбал Англија Сити и Ливерпул ја почнуваат сезоната со гостување во Лондон, Тен Хаг ќе дебитира на Олд Трафорд

Сити и Ливерпул ја почнуваат сезоната со гостување во Лондон, Тен Хаг ќе дебитира на Олд Трафорд

Утрината се одржа ждребот за новата сезона во премиер лигата. Шампионот на Англија, Манчестер Сити ќе ја започне одбраната на титулата со гостување кај Вест Хем на 7 август.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемиот конкурент на „граѓаните“, Ливерпул сезоната ќе ја започне против новиот Премиерлигаш, Фулам и тоа на „Кревин Котиџ“ на 6 август.

Челзи ерата со новиот сопственик ќе ја започне со гостување кај Евертон. Тотенхем го пречекува Саутемптон, додека Арсенал му гостува на Кристал Палад.

Ерик тен Хаг ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ против Брајтон.

Новата сезона ќе започне порано поради Мундијалот во Катар, на 6-7 август и ќе биде прекината на 13 ноември откако ќе се одиграат 16 кола. Сезоната ќе продолжи на „Боксинг деј“, само осум дена по завршувањето на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе е речиси јасно: Познат потенцијалниот противник на Босна во нокаут фазата

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на прагот да обезбеди место во елимина…