Дома Фудбал Англија Сити го прави Фоден најплатен Англичанец

Сити го прави Фоден најплатен Англичанец

Манчестер сити подготви нов договор за играчот на сезоната во Премиер лигата, Фил Фоден, пренесуваат медиумите на Островот.

Фоден минатата сезона одигра 52 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања и постигна 27 гола, па „граѓаните“ сакаат да го наградат за добрите партии.

24-годишниот фудбалер има договор до јуни 2027 година и во овој момент заработува 200.000 фунти неделно, а со новиот се најавува и значително покачување.

Челниците на Манчестер сити планираат да му понудат нов шест годишен договор, според кој Фоден би имал неделна плата од 375.000 фунти

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем размислува за трансфер на Каору Митома во јануари

Роберто Де Зерби сака да го врати Каору Митома во своите редови, овој пат во Тотенхем. Јап…