Дома Фудбал Сити го прави Стерлинг најплатен играч на Островот

Сити го прави Стерлинг најплатен играч на Островот

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг ќе стане најплатениот фудбалер во Премиер лигата, откако ќе стави потпис на нов договор, пренесуваат медиумите на Островот.

Манчестер Сити сака да ја награди својата ѕвезда за добрите партии и му понуди нов договор според кој 24-годишниот Англичанец ќе заработува 450.000 фунти неделно.

Тоа е за цели 150.000 фунти повеќе од платата која ја има во моментов, а неговиот договор истекува во 2023 година.

Од почетокот на сезоната Стерлинг има одиграно 11 меча за Манчестер Сити во сите натпреварувања, на кои постигна 9 гола и запиша 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…