Додека трае репрезентативната пауза, Ерлинг Халанд се лекува од проблемот со препоните во болницата во Манчестер и датумот на неговото враќање се уште е неизвесен.
Таткото, Алф Инге Халанд истакна дека барем две недели ќе мора да поминат за Ерлинг да се врати на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не сум доктор, но сигурен сум дека не може за две недели да се врати. Манчестер Сити не може да ризикува и ако нема соодветен третман нема да игра. Во текот на натпреварот има многу спринтови и движења во различни правци. Чекаме да реагираме да видиме како ќе реагира на лекувањето“, изјави Ал Инге Халанд за норвешката национална телевизија.
Приоритет за Баерн е Лигата на шампионите и Норвежанецот сигурно ќе го пропушти дуелот со Ливерпул и веројатно Саутемптон.
Манчестер Сити во овој момент со натпревар помалку има осум бода помалку од лидерот на Арсенал.