Дома Фудбал Англија Сити без Агуеро и Де Брујн против Челзи

Сити без Агуеро и Де Брујн против Челзи

Две од најголемите ѕвезди на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и Кевин де Брујн, не се целосно опоравени од повредите и ќе го пропуштат дербито со Челзи на „Стенфорд Бриџ“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Агуеро, кој има 10 на 16 меча сезонава се повреди во понеделникот и го пропушти гостувањето кај Ватфорд.

Де Брујн пак ја обнови повредата на коленото за време на мечот со Фулам и се уште е надвор од тренажен процес. Пред неколку дена се појавија информации дека ќе биде спремен за дербито со Челзи, но Гвардиола ја отфрли таквата можност.

„Двајцата нема да можат да играат. Меѓутоа, наскоро ќе се вратат. На Стенфорд Бриџ секогаш е тешко. Имав многу натпревари на тој стадион, но победив само еднаш – минатата сезона. Многу пати сум губел таму“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Прва мета за средниот ред на Интер е дете на Ливерпул

Интер сака да го засили средниот ред, и неколку играчи се во игра. Сепак, еден се издвојув…