Дома Македонски спорт Мак фудбал Сите три ситуации во кои Борец беше оштетен против Шкендија (фото+видео)

Сите три ситуации во кои Борец беше оштетен против Шкендија (фото+видео)

Натпреварот Борец – Шкендија кој денес се одигра во македонската прва лига предизвика многу коментари поради судењето.

Со Фејсбук статус се огласи тренерот Горзад Михаилов (тука), а клубот излезе и соопштение во кое потенцира дека сите спорни одлуки денес биле на штета на Борец.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Интересен првенствен натпревар во кој за жал нашиот тим изгуби многу важни бодови во борбата за горниот дел од табелата…Мораме да потенцираме дека сите спорни ситуација беа судени на наша штета…На ова слика поништен ни е гол за израмнување на резултатот а додека на сличен начин во ‘82мин доста дискутабилна ситуација во која судијата допушта игра и примаме гол…Кога на сето тоа ќе се додаде и несанкционирањето на играта со рака на противничкиот играч во својот 16-ник и досудениот пенал против нас кој е судиско убедување…Се надеваме дека во иднина ќе се обрне повеќе внимание за намалување на грешките за поголем напредок и поквалитетен фудбал на Македонските терен“, стои во соопштението.

НЕДОСУДЕНИОТ ПЕНАЛ ЗА БОРЕЦ

СПОРНИОТ ГОЛ НА ДОРИЕВ (за жал нема снимка од подобар агол)

ПОНИШТЕНИОТ ЧИСТ ГОЛ НА БОРЕЦ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…