Дома Македонски спорт Мак фудбал Згрме тренерот на Борец: За кого се игра фудбалот, кажете ни барем да знаеме!

Згрме тренерот на Борец: За кого се игра фудбалот, кажете ни барем да знаеме!

Денес Шкендија славеше на гости кај Борец со 2:0, но она за што се зборува после овој меч како и после многу други оваа сезона во ПМФЛ е судењето.

Тренерот на Борец, Горзад Михаилов после натпреварот и јавно се пожали. Спорни се две ситуации, вториот гол на Шкендија и недосудениот пенал за велешани.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Како тренер не можам да останам рамнодушен на фудбалските неправди кои се случуваат на нашите терени од страна на луѓето во црно. Досега не сум реагирал, но ова е премногу. За кого се игра фудбалот, кажете барем да знаеме, но веќе е очигледно, па ние тренерите зависиме од тие срамни одлуки, а луѓето кои се одговорни ќе си молчат. Овој мој статус ќе биде по поговорката ‘Кучињата си лаат, караванот си врви’.  Очекувам некои да ме нападнат со коментари за тоа каков тренер сум и човек, но тао е нивно право. Вие, ‘луѓе во црно’ го завивте во црна македонскиот фудбал со исклучок на одредени судии, но ќе се сретнеме пак. Ова е само дел… Но, ништо не ме чуди во оваа чудесна Македонија“, напиша тренерот на Борец на неговиот Фејсбук профил.

СИТУАЦИЈАТА ВО КОЈА БОРЕЦ НЕ ДОБИ ПЕНАЛ

ГОЛОТ НА ДОРИЕВ (За жал нема снимка од најдобар агол)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…