Себастијан Корда е мета на сеир во тенискиот свет откако беше поразен од 528-иот тенисер на АТП, Жири Весели.
Корда е 25-ти на светската ранг листа, но неговиот пораз немаше да привлече отлку внимание да не беше неговата изјава дадена неодамна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред околу две недели додека во тек беше турнирот во Квинс, Корда истакна дека себеси се гледа како еден од фаворитите на Вимблдон.
„Играм со голема самодоверба, се движам добро и ретко кој поседува игра како мојата. Агресивен сум и излегувам на мрежа, можам да го конторолирам мечот. Дефинитивно сметам дека сум еден од фаворитите на Вимблдон“, изјави Корда.
Поради оваа изјава тој сега е мета на потсмев и сеир…
"I feel as if I'm one of the favourites at Wimbledon"
— Tennis TV (@TennisTV) June 22, 2023
Now into the #cinchChampionships last eight, Sebastian Korda is in confident mood 👌 pic.twitter.com/AnalIqeeOX