Дома Фудбал Германија Сите кандидати за наследник на Тухел во Баерн

Сите кандидати за наследник на Тухел во Баерн

Откако одржа серија разговори со првите луѓе на Баерн Минхен, Томас Тухел ќе се раздели со клубот на крајот од сезоната.

Ова предизвика големо внимание во јавноста, но го отвори и прашањето кој ќе биде наследникот на Тухел. Клубот од Минхен веќе е во потрага по нов тренер, а се шпекулира и за неколку сериозни кандидати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според некои германски медиуми, меѓу најсериозните кандидати за тренерската позиција во Баерн се Оле Гунар Солскјер, Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Антонио Конте и Себастијан Хенес.

Зидан, иако без работа од 2021 година, можеби ќе може да се најде на клупата на Баерн, но има одредени пречки. Имено, прашање е дали Зидан би се согласил на платата што би им била понудена на другите кандидати, а исто така, пречка може да биде и јазичната бариера.

На листата на потенцијални кандидати за стратег на баварскиот гигант е и Конте. Покана од ваков калибар секако би била меѓу оние покани кои не се одбиваат, а Конте веќе се докажа во клубови како Интер, Челси и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шок за Шпанците: Репрезентацијата може да биде исфрлена од ЕП, а клубовите од сите УЕФА натпреварувања?!

Како што претходно пишуваше шпански „АС“, УЕФА ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, а…