Дома Видео Сите го паметат промашениот пенал на Игуаин, но никој не го забележа разговорот помеѓу Роналдо и Шчесни

Сите го паметат промашениот пенал на Игуаин, но никој не го забележа разговорот помеѓу Роналдо и Шчесни

Фудбалерите на Јувентус пред два дена го поразија Милан со 2:0 на Сан Сиро во рамките на 12. коло од италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот ќе остане запаметен по неколку детали, а промашениот пенал на Игуаин, погодокот на Роналдо или црвениот картон на Игуаин се само некои од нив.

Се уште е свежо сеќавањето на навивачите на Милан за промашениот пенал на Игуаин на резултат 0:1, па секако ќе им биде занимливо да видат како полскиот чувар на мрежата Шчесни успеа да го одбрани пеналот.

Иако најголемите заслуги за одбраната одат на него, треба да се забележи и помошта од неговиот соиграч Роналдо, кој пред пеналот нешто му сугерираше на увото.

Нормално, се претпоставува дека Роналдо му порачал на голманот на која страна да тргне, а Португалецот тоа го знае поради тоа што своевремено ја делеше соблекувалната во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските …