Дома Фудбал Германија Сите го отпишаа, а Тухел вели: Можеме да ја освоиме титулата!

Сите го отпишаа, а Тухел вели: Можеме да ја освоиме титулата!

Баерн Минхен е во сериозна криза каква што во германскиот гигант не паметат подолго време. Избраниците на Томас Тухел кој е под сериозен притисок вчера го претрпеа третиот пораз во низа во сите натпреварувања.

Изгуби Барн претходно од Леверкузен и од Лацио во Лигата на шампионите, а вчера Бохум освои три бода против баварците со победа од 3:2.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Се најавуваше дека ќе добие отказ, но Тухел на крајот сепак остана на клупата на Баерн.

„Ваквите порази не се фер, се тргна против нас. Се што можеше да излезе наопаку се случи“.

Беше запрашан Тухел и дали веруваат во освојување на титулата бидејќи Леверкузен кој игра одлично веќе има осум бода предност.

„Мене ако ме прашувате цврсто верувам дека можеме. Притисок? Тоа се случува со секој пораз, но денеска се боревме до последната секунда и не се откажавме во обидот да го избегнеме поразот“, истакна Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …