Дома Фудбал Англија Синот на Руни потпиша за Манчестер Јунајтед

Синот на Руни потпиша за Манчестер Јунајтед

Вејн Руни најдобрите денови од својата кариера ги помина во Манчестер Јунајтед каде остави голем траг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Руни во дресот на Црвените ѓаволи одигра 559 натпревари и постигна 253 погодоци поради што е најдобар стрелец во историјата на англискиот клуб.

Овој 35-годишен напаѓач го напушти Јунајтед пред три години, а моментално е член на Дерби. Сепак, Руни се врати на Олд Трафорд, но поради синот Каи.

Имено, неговиот 11-годишен син Каи вчера потпиша договор со Манчестер Јунајтед и во иднина ќе биде член на академијата на Црвените ѓаволи.

„Посебен ден. Многу сум горд. Каи потпиша за Манчестер Јунајтед. Продолжи да работиш сине.“ – напиша Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Боатенг со жестоки критики: Доколку Роналдо е тимски играч, би се повлекол на клупа

Кевин-Принс Боатенг го повика Кристијано Роналдо да се повлече од почетниот состав на порт…