Дома Трансфер зона Синот на Роналдо ја доби првата понуда!

Синот на Роналдо ја доби првата понуда!

Кристиано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле на теренот и за неговите квалитети не треба да се трошат зборови, а по неговите стапки тргнува и неговиот син.

Секако, се уште е рано да се зборува, но Кристиано Жуниор засега прикажува фантастични настапи во младинските категории на Јувентус, а сега ја доби и првата понуда и тоа од клубот кој фудбалот му го подари неговиот татко.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот Спортинг Лисабон испратил понуда и сака во своите младински категории да го доведе синот на Роналдо.

Спортинг е клуб кој важи за добро место за младите фудбалери, тоа сигурно го знае и Роналдо. Сега останува да се види дали Роналдо ќе го пушти својот син да се развива во Португалија или пак ќе продолжи да се развива заедно со него во Јувентус.

Според некои видеа и статистики кои се појавија на социјалните мрежи синот на Роналдо е еден од најдобрите во неговата генерација и поради тоа можеби и Јувентус ќе вложи напор да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…