Дома Фудбал Италија Синот на Малдини почна да тренира со првиот тим на Милан

Синот на Малдини почна да тренира со првиот тим на Милан

16-годишниот Кристиан Малдини, син на легендарниот Паоло Малдини денес започна да тренира со првиот тим на Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Голем дел од фудбалерите на италијанскиот гигант се со своите репрезентации, па Гатузо мораше да повика неколку младинци да тренираат со првиот тим.

Синот на легендарниот Паоло Малдини денес го одработи целиот тренинг со првиот тим, а италијанските медиуми побрзаа да објават негови фотографии заедно со големата ѕвезда Гонзало Игуаин.

За разлика од неговиот татко кој играше во дефанзива, Кристиан е напаѓач и ќе биде повикан за утрешниот пријателски натпревар на Милан против Про Патриа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија остана без Барди за натпреварите со БиХ и Турција!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди нема да настапи на претстојн…