Дома Фудбал Сидорф претставен во Депортиво: Ќе избориме опстанок!

Сидорф претставен во Депортиво: Ќе избориме опстанок!

seedorf

Поранешниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф денес и официјално стана тренер на шпанскиот тим Депортиво Ла Коруња кој се бори за опстанок во „Примера“.

Сидорф на официјалното претставување истакна дека на Ла Коруња гледа како на нов предизвик во кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Депортиво во овој момент се наоѓа во зоната на испаѓање со само 17 бодови после 22 одиграни кола.

„Сакам предизвици и имаме цели кои сакаме да ги достигнеме оваа сезона. Ова е голем клуб со многу квалитетни фудбалери и сигурен сум дека брзо ќе стигнеме до подобри резултати и ќе се избориме за опстанок во лигата“, изјави поранешниот тренер на Милан, Атлетико Параненсе и кинескиот Шенжен.

Сидорф во неговата кариера од две децении играше за Ајакс, Сампдорија, Реал Мадрид, Интер, Милан и Ботофаго, освои вкупно 20 трофеи вклучувајќи и четири во Лигата на шампионите (две со Милан, по една со Ајакс и Реал).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…