Познатиот британски новинар, Пирс Морган уште еднаш жестоко го критикуваше Новак Ѓоковиќ.
Морган е познат по своите ставови и изјави со кои знае да предизвика бурни реакции. Го навредуваше Ѓоковиќ по поразот во мечот за бронза на Олимписките игри во Токио, а тука беше да го критикува српскиот тенисер и за неговиот став за вакцинацијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега Морган ги коментираше случувањата на Вимблдон кој го освои Карлос Алкараз со победа во пет сетови.
„Новак Ѓоковиќ го изгуби разумот и не сум изненаден. Алкараз му ја одзема круната. Неверојатен меч. Се роди нова легенда на Вимблдон. Каков играч, каков меч, честитки“, порача Морган.
Но, по оваа порака со критики, Морган изненадувачки призна дека понекогаш и го симпатизира Ѓоковиќ.
„Имам помешани чувства за Ѓоковиќ. Секогаш кога сум сигурен дека го презирам, без разлика дали поради кршењето рекети или ставот за коронавирусот, тој држи говор како сега или пушта солза за својот син и повторно сум загрена заад него. Генијален играч, комплициран човек“, напиша Морган.
I have very contrary feelings about @DjokerNole – every time I’m sure I dislike him, whether because of his covid antics or racket-smashing, he makes a speech like this, or sheds a tear for his young son, and I warm to him. Genius player, complicated guy. https://t.co/573vEkTncF
— Piers Morgan (@piersmorgan) July 16, 2023