Дома Фудбал Се чека официјална потврда: Јувентус остана без ГОЛЕМАТА ѕвезда во најважното дерби

Се чека официјална потврда: Јувентус остана без ГОЛЕМАТА ѕвезда во најважното дерби

Италијанскиот шампион Јувентус во дербито на 15. коло од Серија А, во петок, ќе се сретне против првиот тим на табелата Наполи, но речиси сигурно без својот прв напаѓач, Гонзало Игуаин кој беше подложен на операција поради фрактура во левата рака.

Игуаин не настапи во неделната домашна победа против Кротоне од 3:0, целиот натпревар го гледаше од клупата со скршена рака.

Од Јувентус не ги потврдија информациите дека Игуаин ќе го пропушти гостувањето против својот поранешен клуб, туку само објавија дека денот на неговото враќање на теренот ќе се знае во текот на следните неколку дена.

По 14 одиграни кола оваа сезона Наполи е прв на табелата со 38 бода, два повеќе од второпласираниот Интер, а четири повеќе од третиот Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…