Во последните денови многу се пишуваше во медиумите за жестокиот напад на Јаја Туре кон Пеп Гвардиола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако на почетокот Гвардиола не сакаше да се огласи на оваа тема, сега Пеп му одговори на Туре:
„Тоа е лага и тој тоа го знае! Соработувавме во Манчестер Сити две години и тој дури сега одлучи да излезе во јавноста со таква изјава. Никогаш во лице не ми кажал ништо“, одговори Пеп.
Дека Туре и Гвардиола не се во добри односи покажува и фактот што фудбалерот во последната сезона беше стартер на само еден натпревар, но дали навистина во тоа е проблемот не можеме да кажеме.