Дома Трансфер зона Се спрема „чистка“ во Јувентус: Алегри веќе „отпишал“ четворица фудбалери

Се спрема „чистка“ во Јувентус: Алегри веќе „отпишал“ четворица фудбалери

На Јувентус не му оди баш најдобро оваа сезона, па се најавуваат промени.

Иако се уште не е одиграна ниту половина од сезоната во Серија А, Јувентус веќе е далеку од освојувањето на Скудетото. И самиот Алегри неодамна посочи дека главна цел на Јувентус сезонава ќе биде да се избори место во топ 4.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Кориере Дела Сара“ во своето саботно издание пишува дека Алегри веќе има листа на играчи на кои нема намера да смета. Целта ќе биде со продажбата на „вишокот“ да се растерети буџетот и да се соберат средства за да се вложат во нови играчи.

Според информациите отпишани се: Дејан Кулушевски, Адриен Рабио, Арон Рамзи и Артру Мело. Фудбалери кои не се вклопуваат во системот на Алегри. Рамзи и Артур практично и не играат, додека Рабио добива прилика првенствено поради слабата конкуренција. И Кулушевски кој беше платен 35 милиони евра не го оправда вложеното и почна да игра благодарение на повредата на Киеза.

Јувентус во овој момент заостанува цели 12 бодови зад првото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…