Дома Топ вести СЕ СПРЕМА ГОЛЕМ ТРАНСФЕР: Незадоволството на Кавани го користат во Мадрид!

СЕ СПРЕМА ГОЛЕМ ТРАНСФЕР: Незадоволството на Кавани го користат во Мадрид!

cavani

Се повеќе и повеќе во медиумите се пишува за не така добриот однос помеѓу Кавани и дуото Нејмар-Мбапе.

Наводно, француско-бразилското дуо не се согласува со Кавани, па впечатокот е дека Уругваецот би можел наскоро да ја промени средината. Поранешниот напаѓач на Палермо и Наполи има 31 година и договор кој истекува 2020. година во ПСЖ. Се уште нема директни индикации дека Кавани би можел да го напушти ПСЖ, но во моментов ситуацијата на „Паркот на принцовите“ внимателно ја следи Атлетико Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Симеоне премногу го почитува Уругваецот, наводно и се обидел своевремено да го доведе во Мадрид, но ПСЖ поставил превисоки услови, па на место него во Атлетико пристигна Диего Коста. Сепак, во Мадрид не се откажуваат од доведување на Уругваецот и ја следат ситуацијата во Париз, па се надеваат дека конечно би можеле да го доведат Кавани и да нарпават еден од најмоќните напади во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…