Дома Фудбал Италија Се случи и тоа: Мино Раиола е суспендиран!

Се случи и тоа: Мино Раиола е суспендиран!

Не знаеме како тоа ќе изгледа во пракса, но веруваме дека познатиот менаџер ќе пронајде начин да ги завршува своите работи ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мино Раиола е во редот на најпознатите, но и најмоќните менаџери во светот на фудбалот.

Холанѓанецот со италијанско потекло соработува со славни клиенти како Погба, Верати, Донарума, Ибрахимовиќ…Меѓутоа сега се најде во проблем.

Фудбалскиот сојуз на Италија донесе одлука да го суспендира Раиола на три месеци, додека забрана за работа во период два месеци доби неговиот роднина, Виченцо Раиола.

Во одлуката не е образложена точната причина за ваквата пресуда, а не е и баш најасно како тоа ќе изгледа во пракса.

Останува да видиме во наредниот период како ќе функционира Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инфантино го изнесе своето објаснување за скандалозниот случај

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино излезе со официјална позиција по бурниот одзив, кој у…