Некогаш многу проблематичниот фудбалер станува нов тренер на Флитвуд.
Флитвуд Таун има нов тренер, од 2 јуни тоа ќе биде Џои Бартон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерот кој важеше за многу проблематичен во текот на неговата кариера и кој и денес дава контроверзни изјави, без валкна на јазикот и многумина се сомневаат дека од него може да биде голем тренер.
Сепак, останува на времето да покаже дали јавноста греши.
„Многу сум возбуден поради новата работа. Знам за овој клуб од поодамна, претседателот и јас сме во добри односи. Доаѓам во клуб со големи амбиции, ми дадоа прилика и со нетрпение чекам да започнам со работа на 2 јуни“, изјави Бартон.
Како фудбалер Бартон го носеше дресот на Манчестер Сити, Њукасл, КПР, Марсеј, Барнли и Ренџерс.