Чарли Морган во 2013 година имаше 17 гдини кога се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.
Него во натпревар од купот помеѓу Свонси и Челзи го удри фудбалерот на лондонскиот клуб Еден Азар бидејќи предолго ја држеше топката.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Свонси водеше со 2:0, Азар побрза да ја врати, а на патот му застана Чарли кој падна преку топката. Белгиецот потоа го удри и го навлече гневот на навивачите.
Седум години подоцна Чарли е 24 годишник со милиони на својата сметка и самиот ги заработи. Иако, неговиот татко Мартин Морган исто така е милионер, Чарли сам тргна во светот на бизнисот.
Заедно со својот пријател тој започна бизнис со водка. Основа компанија „Ау Водка“ која набрзо стана популарна во Велика Британија.
„Ги комбинираме нашите британски корени и луксузни состојки за да направиме искучителна водка со висок квалитет. Веднаш станавме препознатливи по златната флаша. Ау Водката е за сите оние кои избираат индивидуалност место друштво“, стои на официјалната страна на оваа компанија.
Во текот на Божиќ оваа водка беше голем хит на пазарот. Продажбата беше навистина огромна и Морган со екипата добро ги наполнија своите сметки.