Дома Фудбал Останато Се сеќавате на Милош Красиќ? Конте се промени, ме сакаше и Манчестер Сити

Се сеќавате на Милош Красиќ? Конте се промени, ме сакаше и Манчестер Сити

Mилош Красиќ едно време важеше за голем потенцијал, играше фантастично во ЦСКА Москва после што си обезбеди трансфер во Јувентус.

Во тоа време за Красиќ интерес покажаа повеќе клубови, Манчестер Сити исто така беше сериозно заинтересиран. Сити тогаш беше во процес на градење на тимот со кој подоцна стана шампион на Англија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Најдобрите денови од кариерата ги поминав во Москва, додека играв за ЦСКА. Освен тоа што го играв најдобриот фудбал, го освоивме Купот на УЕФА (Лига Европа). Тогаш во 2010 има неколку понуди. Ме браша Сити, па се појави Јувентус. Мојот избор беше Јувентус. Во првата година играв добро, подоцна бевме и шампиони на Италија. Со доаѓањето на Конте работите се променија. Тој постави формација и тактика во која ја не се вклопував“, признава Красиќ.

Кон средината на август во 2012 година пристигна во Фенербахче за сума од седум милиони евра.

„За жал тоа не беше тоа. Бев сериозно повреден. Сакав да се вратам што е можно побрзо на теренот и да се покажам во најдобро светло. Играв и се преоптоварив пред да се опоравам. Тоа брзање скапо го платив. Фенербахче секогаш ќе биде во моето срце. Моето семејство и јас бевме среќни. Најмногу жалам што навивачите на Фенер не го видоа вистинскиот Красиќ на дело“.

На почетокот на Декември Красиќ ја напушти Лехија од Гдањск и од тогаш нема клуб и јасно е дека неговата кариера е завршена.

„Во Гдањск играв добро затоа што не бев повреден. Меѓутоа сфатив дека е време да се повлечам. Сфатив дека немам мотивација како претходно. Кога гледам натпревар добивам желба да се вратам, но сигурен сум дека донесов исправна одлука поради моето семејство“.

Сепак, фудбалот не го напуштил.

„Останувам во фудбалот сигурно, само не знам дали како функционер или како тренер. Се уште не сум одлучил, ќе видиме има врем“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…