Во хрватските медиуми вчера се пишуваше за инцидент на тренингот на репрезентацијата на Хрватска во кој Марко Ливаја тргнал да се пресмета со навивачите.
Фудбалерите на Хрватска се припремаат за завршниот турнир во Лигата на Нации, а на првиот отворен тренинг на репрезентацијата дојде до инцидент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сегашниот играч на Хајдук, Марко Ливаја по финалето на Купот кое неодамна се одигра во Ријека каде што се припрема сега репрезентација пееше погрдни песни со навивачката група „Торцида“. Очигледно навивачите тоа не му го простија.
Ливаја по провокациите од трибините ги загуби нервите, па тргна и физички да се пресмета со навивачите. Фудбалерот на прескокна оградата, меѓутоа реагираше обезбедувањето кое ја смири ситуацијата.
Livaja 👑 pic.twitter.com/ZVmxUD1fE0
— KULIŠ10 (@KULA1087) June 5, 2023