Настапот на Ѓоковиќ на Австралија Опен и понатаму е под знак прашалник и така ќе биде барем уште еден, пишуваат австралиските медиуми.
Најдобриот светски тенисер вчера победи во судскиот спор и доби виза за влез во Австралија каде што веќе одработи два тренинзи за да се спреми за првиот Грен Слем во сезоната. Сепак, министерот за имиграција Алекс Хок има право да му ја укине визата и покрај судската одлука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Посебен проблем за Ѓоковиќ претставува истрагата која ја отвори сојузната Влада на Австралија против него. Тие се обидуваат да дознаат дали Ѓоковиќ лажел при популнувањето на листата за влез во земјата. Ќе потсетиме, Ѓоковиќ на граничната контрола изјави дека од Тенис Австралија го пополниле патничкиот формулар во негово име.
Значи, Ѓоковиќ или некој друг пополнил дека во период од 14 дена пред доаѓањето во Австралија Новак не патувал никаде во други земји. Австралиските власти сакаат да докажат дека лажел.
Тоа можеби и нема да им биде тешко затоа што Ѓоковиќ во период од 23 декември до 6. Јануари патувал од Белград во Шпаниј а каде што тренирал во Марбеља на 31. декември. Постои и видео од тренинзите на Новак. Исто тука се и медиумските информации од Шпанија во тој период.
We can confirm @DjokerNole is ready for @AustralianOpen if possible! pic.twitter.com/q9WJFzBU41
— SotoTennis Academy (@SotoTennis) December 31, 2021