Дома Трансфер зона Се појави листата: Еве кои се кандидатите за наследник на Суарез во Барса

Се појави листата: Еве кои се кандидатите за наследник на Суарез во Барса

suarez

Во „Ел Класико“ Суарез им ја затвори устата на критичарите, но после натпреварот изјави дека е свесен за своите години и дека нормално е Барселона да му бара замена.

Барселона во своите редови нема алтернатива, Мунир Ел Хадади го продолжи договорот, но Мароканецот не е класичен напаѓач. Пако Алкасер игра како препороден во Борусија Дортмунд, но во него клубот нема премногу доверба.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се бара нов напаѓач, листата сведена на неколку имиња.

Првото име е Хари Кејн, меѓутоа тој е најтешка опција, цената му е околу 200 милиони евра, го сака и Реал, прашање е и колку Тотенхем е расположен да преговара за продажба на својот „бомбардер“.

Полесни е опциите како Тимо Вернер, кого го сака и Баерн, како и Каспер Долберг. Но Данецот не е некој кој лесно би се вклопил, после одличниот старт имаше проблеми со повредите и изгледа дека Барса не е премногу заинтересирана.

Но, заинтересирана е за Мауро Икарди. Иако ова изгледа тешко, пред се поради Меси кој не го сака поради она што му го направи на Лопез. Икарди беше своевремно во „Ла Масија“, пред да се пресели во Италија.

Од друга страна Меси ја поддржува опцијата за ангажман на Николас Пепе од Лил, додека Андриано Браида се обидува да издејствува трансфер на Пиатек од Џенова. Џенова за неговите услуги одби 50 милиони евра од Наполи.

Како и да е во Барселона наскоро со сигурност можеме да очекуваме пристигнување на нов класичен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…