Ништо повеќе не е како претходно, Луис Суарез повеќе нема адреналин. Но, не смееме да го отпишуваме го покажа тоа во „Ел Класико“.
И покрај одличниот настап против Реал Мадрид, Суарез е свесен дека Барса му бара замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знам, многу сум реален. Потребен им е нов центарфор, имам 31 година, природно е да гледаат во иднината. Но, се уште не ме отпишувајте“, изјави „Ел Пистолеро“.
Многу му замеруваа за слабиот почеток на сезоната, но во „Ел Класико“ покажа дека кога го нема Меси е спремен да го носи тимот на својот „грб“.
Потоа Суарез зборуваше за ВАР.
„Го нема повеќе она боженствено чуство, адреналин кога ќе постигнеш гол, прво гледаш кон судијата, чуството се губи. Кога ќе го потврди голот, веќе не е исто, не се радуваш така“, објасни Суарез.