Дома Фудбал Англија Се појави изненадувачко име за можен наследник на Тен Хаг

Се појави изненадувачко име за можен наследник на Тен Хаг

Eкипата на Манчестер Јунајтед има лош почеток на сезоната, Тен Хаг со „црвените ѓаволи“ го има најлошиот старт на овој клуб од 1992 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Токму поради тоа позицијата на Тен Хаг е под голем знак прашакник. Поради овие резултати очекувано се најавува отказна Холанѓанецот, иако тој смета дека не е загрозен.

Сега на листата потенцијални наследници се појави едно изненадувачко име.

Како опција за клупата на Јунајтед се споменува Един Терзиќ кој нема клуб по заминувањето од Борусија Дортмунд. Токму Борусија е единствениот клуб кој Терзиќ самостојно го водеше и оствари солидни резултати. Успеа да го одведе тимот и до финалето во Лигата на шампионите.

Како помошник, Терзиќ работеше и во екипата на Вест Хем од 2015 до 2017 година. Покрај Терзиќ опции за Јунајтед се Тухел и Ван Нистерлој, но секако прво треба да дојде отказот за Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зошто Барселона во 2003 година почна натпревар во 00:05? Каталонците искористија „дупка“ во законот…(Видео)

Барселона и Севиља во 2003 година одиграа натпревар кој започна во неверојатни 00:05 часот…