Репрезентативците на Англија вчера се собраа пред натпреварите со Црна Гора и Косово, а уште на првиот тренинг селекторот Герет Саудејт се соочил со проблеми.
Англиските медиуми соопштија дека имало судир на Рахим Стерлинг и Џо Гомез. Стерлиг и Гомез имаа расправија во неделното дерби, а тензиите продолжиле и на репрезентативниот собир.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот Саудгејт се одлучил да го суспендира Стерлинг, а играчот на Сити сега се огласи за целата ситуација.
„Сите знаат дека јас не сум таков, а двајцата со Џо си упативме некои зборови и продолживме. Ние играме спорт во кој емоциите се на високо ниво и јас сум доволно маж за да признам кога емоциите ме совладуваат. Ќе го надминеме ова затоа што го играме спортот кој го сакаме. Сега е завршено, ние со Гомез продолжуваме понатаму и да не правиме скандал од тоа“, истакна Стерлинг.