Жорге Сампаоли поминува низ тешки моменти на клупата на Аргентина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После очајните квалификации во кои едвај се избори за пласман на Светското првенство. Сампаоли предзвика голем број коментари со изоставувањето од репрезентацијата на Мауро Икарди и Паоло Дибала.
Во вчерашниот пријателски натпревар против Шпанија неговата репрезентација беше декласирана со 6:1, а Сампаоли целосната одговорност за овој пораз ја презема на себе.
„Моја е одговорноста за поразот. Не ги обвинувајте играчите за овој кошмар, но разликата помеѓу репрезентациите не е толку голема како што покажува резултатот. Извлековме лекција од овој пораз и сигурно нема да ни се повтори“, порача Сампаоли.
Секако, дека по овој пораз сите со нетрпение го чекаат списокот на Аргентина за Мундијалот и дали ќе биде повикан некој од Паоло Дибала и Мауро Икарди.