Дома Фудбал Останато Се огласи портапролот на Пеле: Каква болница, Пеле е во својот дом

Се огласи портапролот на Пеле: Каква болница, Пеле е во својот дом

Познатиот Пеле се одмара во својот дом, а информациите дека поради замор завршил во вести се лажни, соопшти неговиот портапрол.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што пренесе агенцијата, „Ројтерс“ Бразилецот одмара во својот дом во Сантос.

„Тој само не сакаше да оди на долг и стресен пат во Лондон. Тоа е се“, изјави неговиот портапрол.

Во претходните години Пеле беше во болница поради проблемите со бубрегот и простата.

Многумина токму него го смеаат за најголемиот фудбалер на сите времиња. За репрезентацијата на Бразил настапуваше од 1957 до 1971 година и за тоа време освои три светски првенство, додека целата своја кариера ја помина во Сантос.

Пеле во лондонскиот хотел, „Савој“, требаше да присуствува на вечера во негова чест.

Здружението на фудбалски новинари кое ја организираше вечерата соопшти дека тој нема да се појави бидејќи колабирал поради тешка исцрпеност. Британските медиуми пренесуваа дека завршил во болница поради премореност. Но, според изјавата на неговиот портапрол тие информации не биле точни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…