Дома Трансфер зона Се огласи Наинголан: Заминувам откако дадов СЕ за Рома!

Се огласи Наинголан: Заминувам откако дадов СЕ за Рома!

Ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан проговори за својот трансфер во редовите на Интер кој е пред реализација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот на 30-годишниот играч за врска на „Џузепе Меаца“ е веќе договорен, па само прашање на време е кога официјално ќе го облече дресот на Интер.

„Рома и фановите секогаш ги носам во срцето, но клубот сакаше да ме продаде. Засекогаш ќе го паметам секој миг што го поминав во дресот на Рома. Заминувам откако дадов се од себе и ги бранев боите на „џиаолоросите“ сите овое години“, изјави Наинголан.

„Интер е клубот кој најмногу ме сакаше, повеќе од сите други. Можам само да им благодарам. Среќен сум што повторно ќе работам со Спалети, тој е фантастичен тренер“, изјави Белгиецот.

Интер за неговиот потпис ќе плати 24 милиони евра, плус во Рома ќе ги испрати Сантон и младиот Занеоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…