Локалниот „Ливерпул Ехо“ по вчерашниот натпревар во кој Ливерпул одигра 3:3 против Арсенал, констатираше дека „црвените“ не ги заборавиле старите навики и дека самите себе си создаваат проблеми.
Јавноста во Англија повеќе не сака да ги слуша изговорите на Клоп и неговите изјави дека во прашање се индивудални грешки, јасно е дека нешто не е во ред на колективен план.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сите сме играле вакви натпревари. Постигнуваш гол потоа тие тргнуваат од центарот и постигнуваат погодок, секако дека тука има грешки, но во еден момент мораш да се запрашаш што треба да направиме за ова да не се претвори во кошаркарски натпревар“, објаснуваше легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.
Потоа го повика клубот да се потсети на „мрачната уметност“ на фудбалската игра.
„Има неколку трикови за кои Клоп зборуваше пред неколку недели. Истакна дека сака да ги користи. Знаете сите за што се работи, да падне некој кога не е повреден, да го успори темпото на натпревар, да ја намали еуфоријата…Ливерпул секогаш игра брзи натпревари од еден крај на теренот до друг. Тоа е одлично за нас кои сме покрај ТВ екраните, но со таква игра нема далеку да стигнеш, бидејќи на „непријателските“ терени мораш и да ја „убиеш“ публиката“, истакна Карагер.