Од Шкотска се погласни се шпекулациите дека Бојан Миовски ќе го напушти Абердин, најголем фаворит за неговиот потпис во овој момент е Селтик.
Миовски со своите настапи ги освои фанвоите на Абердин, а на оваа тема сега се огласи еден од првите оперативци на шкотскиот клуб, Алан Буровс. Според него клубот нема потреба да продава во овој момент, меѓутоа ако дојде добра понуда таа ќе биде разгледана.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не брзаме, немаме потреба да продаваме. Сепак, не можам да гарантирам, не знам што би понудиле другите клубови. Ни сакаме Бојан да остане. Абердин е тим кој продава, меѓутоа само кога е вистинско време.
Миовски демонстрираше врвен квалитет, нема сомнеж дека го очекува голема кариера на повисоко ниво. Покажа дека има квалитет за најсилните лиги“, изјави Буровс.
Останува да го почекаме јануарскиот преоден рок кој не е далеку, па да видиме дали Абердин ќе одолее на понудите за македонскиот голгетер кој со шест гола е прв стрелец на тимот.