Вирџил Ван Дајк се огласи на социјалните медиуми по нападите од целата фудбалска јавност која почна да го суди попради коментарот за Кристиано Роналдо.
Холанѓанецот синоќа на доделувањето на наградите го „исмеа“ Роналдо со коментар дека тој воопшто не му е ривал и дека не е кандидат за освојување на „Златната топка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После ова Ван Дајк беше осуден за недостиг на респект од целата фудбалска јавност, а се огласи и познатиот новинар Пирс Морган.
„Не, Кристиано Роналдо е далеку подобар играч, а ти не си во неговата лига“, му порача Морган па следуваше одговор на Ван Дијк.
„Здраво Пирс, да не си наседнал на циркусот на социјалните медиуми и да си го ислушал целото интервју, би сфатил дека се работи за шега, јас имам респект кон нив двајцата“, напиша Ван Дaјк.
No.. @Cristiano is a far greater player, you’re not in his league. https://t.co/MjaZwaq16b
— Piers Morgan (@piersmorgan) December 2, 2019