Дома Фудбал Англија Се огласи Алонсо по најавите дека може да го наследи Клоп и – не демантираше!

Се огласи Алонсо по најавите дека може да го наследи Клоп и – не демантираше!

Eкспресно откако Јирген Клоп потврди дека заминува на крајот од сезоната од клупата на Ливерпул како фаворит за негов наследник се наметна Шпанецот Чаби Алонсо.

Алонсо прави чуда со Леверкузен кој е игра фантастично и е лидер во Бундеслигата, а во досегашниот дел од сезоната е без пораз. Треба да се знае и дека во неговиот договор има клазула според која Леверкузен мора да го пушти ако дојде понуда од клубовите каде што настапуваше како играч (Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека патот на Ливерпул е отворен, Алонсо е изненаден од заминувањето на Клоп.

„Шпекулациите се нормални, фокусот мој е тука на Баер. Среќен сум со тимот, играме одлично. Заминувањето на Клоп за мене е изненадување, направи навистина многу за Ливерпул“, изјави Алонсо.

Но, на директното прашање не демантира.

„Искрено…немам одговор на тоа прашање“, одговори Алонсо.

Останува да се види во наредниот период како ќе се одвиваат работите и дали Алонсо ќе биде наследникот на германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…