Дома Фудбал Италија Се најавуваат ли нови проблеми – Во семејството на Донарума не се задоволни од односот на Раиола!

Се најавуваат ли нови проблеми – Во семејството на Донарума не се задоволни од односот на Раиола!

raiola

Семејството на талентираниот голман од редовите на Милан е исфрустрирано од однесувањето на суперагентот.

Ова лето Мино Раиола и Џанлуиџи Донарума направија вистински хаос во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот суперагент од управата на Милан бараше голем договор за својот клиент, првата понуда на „росонерите“ беше одбиена, а токму поради тоа во тие моменти фановите на Милан, Донарума го нарекуваа „предавник“.

На Европското првенство за млади кон Донарума беа фрлани лажни пари, а на крајот Раиола и младиот голман попуштија, Донарума остана верен на Милан и потпиша нов повеќегодишен договор.

Раиола не беше задоволен од таквиот епилог, тој не верува во проектот кој управата на Милан се обидува да го спроведе на дело, а тоа повеќе пати го кажа и јавно.

Поради тоа тој веројатно ќе се обиде да пронајде нов начин да го убедува Донарума, а на семејството на голманот воопшто не му се допаѓа однесувањето на Раиола во јавноста.

Сепак, родителите на Донарума го почитуваат тоа што Раиола во прв план ја става кариерата на нивниот син, но би биле многу повеќе среќни доколку познатиот агент помалку зборува за Милан во негативен контекс.

Нивната соработка без сомневање ќе продолжи, Раиола успеа да го убеди италијанскиот гигант да го ангажира и нивниот постар син Антониј, но веројатно светски познатиот агент во иднина ќе мора да размисли што зборува во јавноста за клубот во кој настапуваат двајцата браќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…