Лео Меси на 29. јуни 2014 година дебитираше за репрезентацијата на Аргентина до 20 години.
Играчот на Барселона во својата кариера немаше многу успеси со репрезентцијата на Аргентина, а ретки се оние кои се сеќаваат дека Меси можеше да заигра и во дресот на Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред СП за играчи до 17 години кое во 2003. година се оддржа во Финска, Фудбалскиот сојуз на Шпанија се обидуваше да го убеди играчот на Барселона да биде дел од нивната репрезентација.
Тогаш Сеск Фабрегас ги предводеше шпанците до финалето, а Меси и неговиот татко јасно порачаа дека ѕвездата на каталонскиот тим сака да игра само за Аргентина.
Шпанија и после тоа се обидуваше да го убеди Меси да заигра за оваа репрезентација, но неговиот татко Хорхе Меси го искористи доаѓањето на Марсело Биелса во Каталонија и го убедуваше дека играчот на Барселона е спремен да заигра за репрезентацијата на Аргентина.
Откако ја погледнале видео снимката на Меси, во стручниот штаб на Аргентина одлучиле дека играчот на Барселона е доволно добар за репрезентацијата и со 17 години го имаше своето деби.