Дома Македонски спорт ПОБЕДА: Комитите во „ТРАНС“ Вардар во Данска патува со предност!

ПОБЕДА: Комитите во „ТРАНС“ Вардар во Данска патува со предност!

Да му дадеме поддршка на македонскиот шампион за нова победа и обезбедување добар резултат пред реваншот во Данска! Спортски.мк ви овзможува во живо следење на случувањата на овој натпревар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Натпреварот започнува за нешто повеќе од десетина минути. Бидете тука…

1 – Натпреварот започна од центарот тргнаа фудбалерите на Вардар…

3- Фудбалерот на Копенхаген Јан Грегус упати удар од работ на шеснаесетникот но Филип Гачевски одлично интервенираше…

7 – Тигран Бергистијан имаше добра прилика, но неговиот удар не му создаде проблеми на чуверот на мрежата Робин Олсен

По почетните десетина минути силите на теренот се израмнети со по некој удар и на двете страни, како и секогаш „комитите“ создаваат одлична атмосфера.

После почетните удари во првите десет минути следуваше мирен период од натпреварот, во кој најмногу се играше на средината од теренот со мала иницијатива на македонскиот шампион во тек е 22 минута од натпреварот.

25 – Одлична контра започнааа фудбалерите на Вардар, но Тигран Бергистијан, не заврши на начин како што посакуваше, па немаше проблеми за Олсен. Данците се обидуваат со ситни прекршоци на средината на теренот да ги запрат нападите на Вардар.

29 – Бобан Николов имаше одлична шанса од работ на шеснаесетникот, но неговиот удар беше изблокиран од данската одбрана.

После половина час игра работите не се менуваат, Копеханген со груба игра се обидува да ги запре фудбалерите на Вардар кои се обидуваат со удари од работ на шеснаесетникот да стигнат до предност.

34- Стефан Спировски изведе слободен удар од околу 25 метри, шутираше директно во чуварот на мрежата на Копенхаген.

37 – Жолт картон за Ерик Јохансон и одлична можност за вардаровите фудбалери да се заканат од прекин. Сепак, фудбалерите на Вардар беа „фатени“ во офсајд „замка“.

40 – Се игра финишот од првото на полувреме, Дејан Блажевски упати удар, но како и ударот на Бобан Николов од пред десетина минути и тој беше изблокиран.

43 – Пјер Бергнестон нафрли од слободен удар од околу триестина метри, но топката заврши зад голот на Гачевски, без никакви проблеми.

ФАНТАСТИЧНА шанса имаше Хуан Фелипе во финишот од првиот дел но Робин Олсен, одлично интервенираше и го запре неговиот удар. Крај на првиот дел.

Дел од моментите од првиот дел:

45 – Почеток на вториот дел, се надеваме на погодокот во мрежата на Данците.

По првите пет минути, иста слика на теренот како и во првиот дел, Вардарци ја имаат топката во свој посед, но без 100% шанси, Данците како и што споменавме во првиот дел со груба игра ги запираат нападите на нашите фудбалери. 

При еден центар шут од десната страна фудбалерите на Копенханген бараа игра со рака и пенал, но главниот судија на мечот за наша среќа не се огласи.

51 – Корпулентниот напаѓач, Федерико Сантандер имаше прилика после еден центарр шут но неговиот удар заврши покрај голот. Копенхаген притиска веќе во следниот напад Пјер Бенгстон упати удар кој заврши истотака покрај голот.

55- Џонатан Балотели имаше ОДЛИЧНА можност испадна еден на еден со голманот Олсен кој го запре неговиот ударот, корнер за Вардар. Корнерот не донесе никаква опасност за голот на Данците.

57 – Вардар НАПАЃА, Балотели повторно влезе во одлична можност после додавањето од Бергистијан, но Олсен повторно излезе како победник.

59 – Прекршок за гостите, Копенхаген ќе има можност да испрати одличен центар шут во шеснаесетникот на Вардар. Јан Грегус упати остра топка но вардаровата одбрана добро реагираше.

61 – ИЗМЕНА во редовите на Вардар теренот го напушти Дејан Блажевски на негово место влезе Дамир Којашевиќ.

После нешто повеќе од петнаесетина минути во вториот дел следиме добар фудбал со по некоја шанса и на двете страни, Вардар најмногу се заканувше преку Џонатан Балотели.

64 – ГООООООЛ! Џонатан Балотели конечно победник против Олсен, Вардар води 1:0, „Филип Втори“ е на нозе, „Комитите“ лудуваат.

 

70 – После постигнатиот гол на Балотели, вардаровите фудбалери покажуваат одлична игра. Дамир Којашевиќ кој го замени Дејан Блажевски изведе слободен удар кој заврши покрај голот на Олсен. 

74 – Данците се заканија после еден изведен корнер, но немаше никаква опасност за голот на Гачевски.

Петнаесетина минути до крајот на средбата со Вардар има игра, Копенхаген на моменти се заканува, но без поголема опасност кон голот на Вардар. Со ваква игра можеме да се надеваме на фантастичен резултат

ИЗМЕНА во редовите на Вардар, играта ја напушта Тигран Бергистијан, на негово место влегува Владица Брдаровски.

79 – Стефан Спировски упати удар од далечина, но топката заврши покрај голот.

Десет минути игра до крајот на средбата, натпреварот влегува во нешто по смирен период, „Комитите“ безрезервно ја даваат својата поддршка за македонскиот шампион.

84 – Вардар повторно со ОДЛИЧНА прилика, Балотели уфрли во шеснаесетникот, но Којашевиќ не успеа да упати удар каков што посакуваше, па топката заврши во рацете на голманот на Копенхаген.

87 – Копенхаген, создаде одлична прилика преку Сантандер, но за наша среќа Вардар останува во водство.

88 – Последна ИЗМЕНА во редовите на Вардар играта ја напушта Бобан Николов, на негово место влегува Никола Глигоров.

Влегуваме во самиот финиш од средбата, главниот судија на натпреварот, Даниел Сиеберт покажа четири минути дополнување.

Малку недостасуваше, Копенхаген да израмни во финишот, за наша среќа еден од фудбалерите на Вардар интервенираше на гол линија. 

КРАЈ на средбата Вардар патува во Данска со предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…