Дома Трансфер зона Се е завршено, многу брзо се очекува и потписот на Манџукиќ

Се е завршено, многу брзо се очекува и потписот на Манџукиќ

Искусниот напаѓач, Марио Манџукиќ (34) по се изгледа се враќа во Италија.

Манџукиќ се враќа во Серија А, а сега место дресот на Јувентус ќе го носи црвено-црниот на Милан. Споредп оследните информации се договорено и Хрватот ќе потпише договор со „росонерите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Калчомеркато“ тврди дека Манџукиќ ги поминал лекарските прегледи и денес или најдоцна утре ќе потпише за лидерот во Серија А.

Во Милан се одлучиле на овој начин да го решат прашањето со вториот напаѓач со што би го растеретиле Златан Ибрахимовиќ.

Последниот ангажман Манџукиќ го имаше во Катар каде што кратко играше за Ал-Духаил. Во Европа настапуваше за Атлетико, Баерн, Волфсбург и Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…