Дома Трансфер зона Се договори, па се откажа, но сега е готово: Хамшик го напушта Неапол и за три години добива богатство

Се договори, па се откажа, но сега е готово: Хамшик го напушта Неапол и за три години добива богатство

Трансферот кој се договори, па се откажа сега е потврден и тоа од првиот човек на клубот.

Марек Хамшик сепак на крајот ќе заигра за кинескиот Далијан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хамшик имаше договорен трансфер во Кина, но тогаш Наполи во последен момент ги прекина преговорите и објави дека го стопира трансферот затоа што Далијан се обидел да ги изигира кога во прашање се финансиите.

Сепак на крајот Хамшик после 12 години го напушта Наполи каде што израсна во вистинска легенда.

Двата клуба се договорија за сума од 20 милиони евра, пет милиони евра веднаш и 15 во рок од една година. Од друга страна Хамшик со Далијан потпишува договор на три години вреден 27 милиони евра.

Трансферот на Хамшик сега го потврди првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Хамшик замина. Дали е збогум или се гледаме подоцна зависи о него. Јас се надевам дека ќе можеме да му пружиме вистински поздрав кога сезоната во Кина ќе заврши. Му посакувам се најдобро, а вратата на овој клуб за него секогаш ќе биде отворена“, изјави Де Лаурентис за медиумите.

Словакот во за Наполи настапуваше од 2007 година и собори голем број рекорди во клубот. Хамшик е играчот со најмногу натпревари (407) и најмногу голови (121) во дресот на клубот од Неапол.

https://www.youtube.com/watch?v=U_fUwKJODqQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…