Дома Фудбал Сетиен: Ова Класико е поважно за Реал Мадрид

Сетиен: Ова Класико е поважно за Реал Мадрид

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен пред „Ел Класико“ го префрли притисокот на страната на Реал Мадрид.

Тренерот на Каталонците изјави дека ова дерби е многу поважно за Реал Мадрид отколку за неговиот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Од големо значење за нас е да ја имаме топката. Разликата помеѓу победата и поразот во вакви натпревари може да биде во неколку сантиметри. Не секогаш тоа што се случува на теренот отговара на резултатот. Реал е силен тим кој ќе не притисне од првата минута“, изјави Сетиен.

„Реал секогаш е опасен и нема врска тоа што некои велат дека не е во добра форма. Победа на овој меч ќе не приближи до титулата бидејќи ќе имаме предност од пет бода. Дербито е важно за нас, но многу поважно за Реал Мадрид“, заклучи Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона

Ако имаше некакви дилеми, сега повеќе нема – Арне Слот ќе биде тренер на Ливерпул сл…