Дома Фудбал Сетиен веднаш покажа на играчите кој е шеф во соблекувалната

Сетиен веднаш покажа на играчите кој е шеф во соблекувалната

Шпанскиот стручњак Кике Сетиен пред неколку дена официјално е избран за нов тренер на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сетиен дојде на клупата на каталонскиот клуб да го замени Ернесто Валверде кој беше отпуштен. Иако призна дека воопшто не очекувал да ја тренира Барса дури во неговите најлуди соништа, бил одлучен оваа шанса да ја искористи максимално.

Очигледно Сетиен одлучил повторно да ја внесе дисциплината во соблекувалната на Барса и играчите да бидат сфесни дека тој го кажува последниот збор. Кике тоа го покажа веќе после вториот тренинг.

Имено, Кадена СЕР тврди дека некои од играчите на Барселона вчера не можеле да ги исполнат своите обврски кон своите спонзори, а виновник за сето тоа бил Сетиен кој им порачал дека треба да дојдат на тренинг и дека тоа е на прво место.

Тренерот на Барселона не им даде слободен ден на играчите кои имале закажано обврски спрема спонзорите и на тој начин покажа кој е шеф во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потрес каков што спортот не памети: Извршен голем напад врз Џани Инфантино

УЕФА, КОНКАКАФ и АФК се огласија со заедничко соопштение и уште еднаш го изразија своето н…