Тренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека неговиот тим останува главен фаворит за титулата во Примера и покрај неубедливите игри во последно време.
Барселона падна на второто место на табелата и во моментов заостанува три бода зад Реал Мадрид, а утре го пречеклува Гетафе на „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Првенствата ги решаваат мали детали. Заедно со Реал Мадрид ние сме главни фаворити за титулата. Заостануваме три бода, но имаме директен дуел против нив“, изјави Сетиен.
Сетиен изјави дека се надева дека клубот ќе купи нов напаѓач кој ќе може да биде замена за повредениот Осман Дембеле.
„Ситуацијата е ризична, но секогаш треба да има и резервен план. Се надевам дека ќе донесеме напаѓач, но ако тоа не се случи, ќе се справиме со фудбалерите кои ги имам во тимот“.