Додека медиумите пишуваат за несогласувањето помеѓу Роналдо и Ерик тен Хаг, шпекулациите ги подгреа сестрата на Португалецот со еден коментар.
Елма Авеиро го нападна менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг за тоа што го заменил Роналдо на дуелот со Њукасл.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тен Хаг по мечот изјави дека морал да го повлече Роналдо поради напорниот распоред, а претходно на мечот со Сити рече дека не го ставил во игра поради „респект кон неговата голема кариера“.
Елма сподели португалски напис на Инстаграм дека Ерик тен Хаг би можел да добие отказ пред јануари и искоментира: „Веќе е доцна за тоа“.
Elma Aveiro, irmã de Cristiano Ronaldo, apoia eventual saída de Ten Hag do Man United:
— Cabine Desportiva (@CabineSport) October 17, 2022
"Já vai tarde" pic.twitter.com/lwJPEcal2H