Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.
Преговорите започнаа, но не одат во вистинска насока, бидејќи претседателот Флорентино Перез сака да му понуди само едногодишен договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос има алтернативни решенија доколку не се договори со Перез за нов договор. Неколку европски гиганти веќе покажаа интерес за дефанзивецот, а најголема е веројатноста да се пресели во Премиер лигата.
Најсилен интерес за него покажува Тотенхем, а Мурињо веќе почнал да го убедува дефанзивецот да се пресели во Лондон.