Дома Трансфер зона Серхио Рамос ги одби милионите од Саудиска Арабија и спремен е на сензационален трансфер?

Серхио Рамос ги одби милионите од Саудиска Арабија и спремен е на сензационален трансфер?

Серхио Рамос изгледа дека ги одби милионите од Саудиска Арабија и според последните најави спремен е за сензационално враќање онаму каде што се започна.

Шпанскиот дефанзивец сака да се врати во татковината и тоа во неговиот роден крај – Андалузија. Во Севиља има гужва во одбраната бидејќи тука се Баде, Маркао, Нијансу и Гудељ, но се очекува за Рамос да има место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рамос ја одби Саудиска Арабија затоа што парите во овој момент не му се приоритет. Во Севиља Рамос ги направи првите фудбалски чекори во професионалниот фудбал, а потоа во 2005 година премина во Реал Мадрид каде што стана вистинска легенда.

По истекот на договорот се пресели во ПСЖ каде што се мачеше со повредите и не ги оправда очекувањата, па по две сезони не го продолжи договорот. Навистина би било убаво за Рамос да ја заврши кариерата онаму каде што ја започна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…